Рош Македонија – Скопје одлучи да изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година во целост, односно исплатен е вкупен износ од 1.648.782,00 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи, соопштуваат од компанијата.

-Со оваа одлука имаме за цел да придонесеме за зголемување на ликвидностa на државата во овој тежок период, имајќи предвид дека на државата би и биле од корист дополнителни ресурси за спречување на брзото ширење на вирусот, за заштита на здравјето на граѓаните и за минимизирање на неминовните штети врз економијата, наведуваат од компанијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2020 01:07