Со напредокот на науката и технологијата нашето одење во тоалет во иднина би можело да претставува не само олеснување за нашиот организам, туку и ослободување од некои стравови за нашето здравје. Научниците од Универзитетот Станфорд конструирале паметен тоалет што може да го анализира изметот и урината и да предупреди на различни болести, како и некои облици на рак.
Овој експериментален модел ги идентификува своите корисници врз основа на нивните уникатни отпечатоци на прстите и анални отпечатоци. Во последните неколку месеци, откако е направен, тоалетот го користеле 21 учесник во тестирањето, чии резултати се објавени во научното списание „Биомедицински инженеринг на природата“.
Професорот по медицина Сањив Сем Гамбир, еден од авторите на овој проект, тврди дека паметниот тоалет е совршен начин за собирање на оние видови здравствени податоци што најчесто се игнорираат, а да неговиот корисник не мора да прави ништо посебно, освен тоа што го прави секој ден.
Овој концепт е смислен пред повеќе од 15 години. Кога и да се спомнел луѓето се смееле, бидејќи им звучело како интересна, но и малку чудна идеја, објаснува Гамбир и додава „Јасно ни е дека тоа звучи чудно, но излезе дека аналниот отпечаток, исто така, е единствен. Скенирањето се користи само како состав за препознавање, за да можат податоците за корисниците сигурно да се сочуваат“.
Паметниот тоалет е конструиран врз основа на класични тоалетни школки, на кои се додадени напредни сензори за движење, инсталирани се во внатрешноста и ја снимаат урината и изметот на корисникот. Потоа алгоритми ја анализираат видео снимката од урината и изметот и го бележат времето на траење на уринските испарувања и карактеристиката и брзината на столицата, пишува СиНет.
Собраните податоци за фекалните секрети на корисникот, паметниот тоалет ги испраќа до безбеден клауд систем, за потребите на нивното евидентирање, архивирање и понатаможни анализи. Последователно, системот дава биохемиска анализа за примероците кои според истражувањата можат да откријат и до десет различни видови болести, меѓу кои се откажување на бубрезите, рак на мочниот меур и бројни инфекции.