Во текот на изминатиот ден (19.04.2020) на територијата на Република Македонија на 238 лица им се издадени решенија за изолација, а 108 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 121 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 92 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2020 12:25