По меѓусебна расправија, две лица од беровското село Будинарци заработија кривична пријава заради нарушување на јавниот ред и мир. Немилиот настан како што информираат од полицијата се случил во двор на еден од пријавените.

– Меѓусебната пресметка помеѓу В.П.(29) и А.А.(36) и двајцата од село Будинарци се случила на ден 19 април 2020 година. Нивната меѓусебна расправија е пријавена до Полициската станица од општа надлежност Берово во 19:00 часот истиот ден, се вели во извештајот на беровската полиција.

По документирање на случајот од полицијата најавија дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против нарушителите на јавниот ред и мир.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2020 20:30