Во периодот од 19 часот од 19 април до 07:00 часот на 20 април ситуацијата во кичевскиот регион е стабилна , во овој период пет лица во Кичево ја нарушиле забраната за движење при спроведување на мерки за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширењето на коронавирусот COVID-19.

Тие се приведени и ќе се соочат со кривични пријави според член 206 од кривичниот законик за „неисполнување на здравствените регулативи за време на епидемија“, информираат од СВР – Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2020 22:51