Тутунопроизводителите денеска ќе можат да ги подигнат парите за субвенциите во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општините во коишто живеат, согласно утврдениот распоред по азбучен ред според првата буква од презимето.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанств информираат дека денека парите ќе може да си ги земат тутунарите со преизмиња кои започнуваат на А, Б, В, Г, Д, во среда со презимиња кои започнуваат на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, во четврток со презимиња кои започнуваат на Л, Љ, М, Н, Њ, О, П; Р, а во петок со презимиња кои започнуваат на С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, апелира, заради заштита на здравјето, при посета на банките, тутунопроизводителите да се придржуваат до препораките за самозаштита, односно да почитуваат соодветна раздалеченост од другите лица коишто чекаат во редот.

-Во периодот од 21 до 24 април, во општините каде што живеат повеќето од тутунопроизводителите, со продолжено работно време oд 8 до 17 часот ќе работат филијалите и експозитурите на НЛБ Банка: Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино, Стопанска банка АД Скопје: Прилеп, Битола (Широк Сокак), Радовиш и Струмица, наведуваат од МЗШВ.

Во другите општини, филијалите и експозитурите на сите банки ќе работат според постојното работно време во овој период.

Во општините во коишто банките ќе работат со продолжено работно време, при посета на филијала или експозитура заради подигнување готовина од исплатени субвенции, за тутунопроизводителите, движењето ќе биде овозможено до 18 часот.

-Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, исплати над 30 милиони евра на 19.050 тутунопроизводители за субвенции за тутунот од реколтата 2019, велат од МЗШВ.

Тутунопроизводителите вчера од 16 до 23 часот ги подигаа субвенциите од банкомат под контролиран режим и списоци од Министерството за внатрешни работи.

-Максималниот износ на средства што ќе може да се подигне преку банкомат во текот на 24 часа е еднаков на дневниот лимит за подигнување готовина од дебитната картичка, којшто веќе е договорно утврден со банката чии услуги користи корисникот којшто ги подига средствата. За да се подигне готовина од добиените субвенции, потребно е дебитната картичка да е поврзана со конкретната сметка на којашто е извршена уплатата, велат од МЗШВ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2020 10:27