Работниците на фабриката за производство на предиво и волница „Тетекс Јарн Лимитед Втор“ остварија средба со раководството на фирмата откако денеска по вторпат одржаа протест барајќи исплата на платите за февруари и март. Директорот Петар Камбуров им рече дека засега нема исплата на платите поради блокирани сметки на фирмата.

-Проблемот со платите е во тоа што бившиот директор и адвокатот на фирмата на 31 март потпишале документи со кои што непрописно се блокирани сметките на фирмата. Секое евро кое ќе влезе на сметката на Тетекс Јарн Лимитед треба да отиде на сметката на адвокатот. Кажувам дека е непрописно бидејќи знаеле дека од 1 април никој нема право да прави блокади на сметките на фирмите. Доколку тоа прашање не се реши нема како да ги исплатам платите на вработените, истакна Камбуров.

Никодин Јовановски, претставник на вработените изјави дека не се задоволни од негативниот одговор.

-Воопшто не сме задоволни немаше конкретни решенија да не убеди дека ќе ни ни ги даде останатите плати што ни ги должи. Ни рече дека наредната недела ќе бидеме во контакт, бидејќи сметката е блокирана, па да видат со адвокатот начин да се одблокира сметката за да ја продаде волницата и на тој начин да не исплати некоја плата, реле Јовановски.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2020 14:52