Основното јавно обвинителство од Тетово предложи да бидат казнети 14 лица со паричниказни во износ од по 100 дневни глоби кои не го почитувале полицискиот час за време на викендот.

-Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 14 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти републичкото јавно обвинителство.

Обвинетите не ги почитувале одлуките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забрани движењето на населението на целата територија на државата. Тие за време на викендот, кога во сила бил полицискиот час, без дозвола, пеш или со возило се движеле низ градот и околината.

За обвинетите, обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби.​



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2020 20:44