Пред еден месец излегоа информации дека „Епл“ планира да ги прошири своите услуги и дека за прв пат тие ќе бидат достапни во европски земји како Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Оваа експанзија е веќе факт со официјално соопштение од компанијата што открива дека „Еп Стор“, „Епл Аркејд“, „Епл Мјузик“, „Епл Подкастс“ и „ајКлауд“ веќе се достапни во нови 20 држави, а „Епл Мјузик“ е достапен во уште 52 земји.
Со новите додатоци, „Еп Стор“ сега е достапна во 175 земји и региони.
Можете да ја видите целосната листа на земји во Европа, Африка, Океанија, Блискиот исток и Азија Пацифик и кои нови услуги се достапни на веб-страницата на Apple.