Компанијата „Ол американ гејтор“ од Флорида почна да продава маски за лице од кожа од бурмански питони. Овие змии периодов неконтролирано се размножуваат во Националниот парк Еверглејдс, со што и започна „модниот предизвик” за спречување на ширењето на коронавирусот.

Сопственикот на компанијата, Брајан Вуд истакна дека изработуваат маски и од крокодили и алигатори.

– Луѓето уште некое време ќе мора да го покриваат лицето. Маските се тука зашто ситуацијава може да трае подолго отколку што мислевме, изјави Вуд.

Тој додаде дека овој моден додаток е за оние што сакаат да ја следат модата.

Самата кожа од питон не нѐ штити од Ковид-19 така ефикасно, како М-95 маските со филтри.

Властите на Флорида пред неколку дена им наложија на граѓаните да носат маски, или со ткаенина преку носот и устата да одат во продавница, аптека или онаму каде што имаат потреба.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2020 11:41