Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1.000 евра во денарска потиввредност за девет жители на Куманово и за еден жител на Крива Паланка, кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетите, како што се посочува, не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Македонија, па без дозвола се движеле низ Куманово и Крива Паланка. ​​



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2020 14:30