Полицискиот час во Гостивар изминатото деноноќие не го почитувале 15 лица за кои гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози од по 100 дневни глоби за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Македонија, на начин што иако согласно оваа одлука се забранува движење на населението на територијата на Македонија за време на викендот, тие се движеле пеш или со возила низ градот.