Забраната за движење во Србија најверојатно ќе биде во сила и овој викенд, од 18 часот в петок до пет часот в понеделник, а за подоцна ќе се процени според епидемиолошката ситуација и советите на лекарите, изјави претседателот Александар Вучиќ по посетата на болницата во Воено-медицинскиот центар Карабурма.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српскиот претседател кажа дека според експертите не смее да има попуштање на мерките најмалку уште две недели.

– Многумина ќе се лутат. Но, јас ги слушам лекарите секој ден и тие се за продолжување на забраната за движење најмалку уште две недели, особено за време на викендите кога се најголеми гужви. Денеска имаме подобри резултати заради добрите викенди, последните две недели, истакна Вучиќ, додавајќи дека кога ќе поминат сегашните мерки, сите ќе речат дека можело да биде поинаку, но дека тој е среќен што државата со своите мерки успеала да ги спаси животите на луѓето.

Вучиќ оцени дека, според најновите податоци, епидемијата на новиот коронавирус во Србија се смирува, но дека земјата се оспособува сама да произведе се што е неопходно за евентуален нов бран на инфекцијата на есен.

Српскиот претседател најави дека наскоро ќе се одржи седница на српското Собрание, но она што за него е најинтересно е што за таа седница се интересираат оние кои не учествуваат во неовата работата, а кои редовно ја земаат платата.

Поранешниот премиер и лидер на опозициската Нова Странка (НОВА), Зоран Живковиќ денеска изјави дека опозицијата не очекува повик од власта да учествува во борбата против вирусот, бидејќи тоа би значело „дека тие ќе бидат подложни на контрола, што им преставува ноќен кошмар“.

Коментрирајќи го барањето на европратеничката Тања Фајон, во Србија да се овозможи работа на собранието, Живковиќ оцени дека „вонредната состојба би била воведена и без стопирање на работата на Собранието, бидејќи таму неговите (на Вучиќ) гласаат на звонче“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2020 22:09