За да се направи процена на стапката на лица со активна инфекција во целата земја, но и за да се направи споредба на стапката на активна инфекција во однос на возраста и регионите, по одлуката на кипарската Влада, Министерството за здравство на Кипар од утре ќе започне со тестирање на населението со помош на 800 случајни примероци за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Тестирањето ќе биде спроведено во различни делови од земјата и на различни групи според возраста, ќе учествуваат волонтери, а процесот се очекува да заврши до 28 април 2020 година, а резултатите.

Во Република Кипар, заклучно со вчера, регистрирани се вкупно 790 случаи на Ковид-19, a од почетокот на епидемијата починаа 13 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2020 22:19