Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговараа за соработката во борбата против коронавирусот и мерките кои ќе се преземат по пандемијата на Ковид-19, соопшти кабинетот на турскиот лидер.

– Претседателот Ердоган телефонски разговараше со Меркел околу можностите за соработка во борбата против Ковид-19 и мерките кои треба да се преземат по завршувањето на пандемијата, се наведува во соопштението на администрацијата на Ердоган.

Двајцата лидери, исто така, разговарале и за односите меѓу двете земји и регионалните проблеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 20:34