Светската здравствена организација почна глобална иницијатива за забрзан развој и рамномерна дистрибуција на вакцини, дијагностика и третман против Ковид-19.

Иницијативата под име (АКТ) Aкcелератор e покрената со цел на меѓународно ниво да се забрзаат и координираат процедурите за развој и тестирање на вакцини и лекови против новиот коронавирус.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека подеднакво важно е средствата за борба против Ковид-19 , еднаш кога ќе бидат достапни, рамномерно да се распределат на сите во светот.

– Нашата заедничка обврска е да обезбедиме на сите луѓе да им бидат достапни сите средства во борбата против Ковид-19, истакна Гебрејесус.

На иницијативата и се приклучија многу организации, фондации и земји низ светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 21:08