Сојузот на синдикати на Македонија спроведува кампања за прогласување на најдобра компанија на неделата. Еднаш неделно, ССМ ќе објавува кои компании се пример како во услови на пандемија се почитуваат работничките права.

– Во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период, велат од ССМ.

Оттаму информираат дека оваа недела за најдобра компанија е избрана „Макпетрол“.

– Да ги следиме позитивните примери, порачува ССМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2020 00:02