Унгарија ќе започне да ги олеснува воведените заштитини мерки на почетокот на мај, рече денеска премиерот Виктор Орбан, изразувајќи очекувања за брзо економско закрепнување од епидемијата.
Не сум во категоријата најоптимистички луѓе, но не сум ниту песимист. Очекувам брзо закрепнување“, рече Орбан.
Мерките за карантин резултираа со губење на десетици илјади работни места, а Орбан враќањето на луѓето на работа рече дека е негов главен приоритет.
Неговата влада, рече тој, ќе се фокусира на заштеда на постојните и создавање нови работни места.
Со почетокот на мај, постепено ќе се олеснуваат мерките за што поскоро да се врати економијата во нормала, а ограничувањата ќе продолжат да важат за постарите и болните луѓе и оние кои живеат во големи градови и се изложени на поголем ризик од инфекција, рече премиерот.
Според него, Унгарија ќе го следи примерот на Австрија и постепено ќе ги отвора училиштата и бизнисите, па дури и баровите во блиска иднина.
Унгарија се подготвуваше за најлошото сценарио, снабдувајќи се со медицинска опрема и ослободи илјадници кревети во болниците, а Орбан рече дека веќе не постои тоа сценарио кое не можат да го надминат.
Не е сe поминато, но се подготвивме за најлошото и сега можеме да експериментираме во реалниот живот. Треба да останеме паметни“, рече Орбан.
Институтот ГКИ објави дека откако изгубиле 60.000 работни места во март и во април, уште 100.000 луѓе ќе ги загубат своите работни места,што е силен удар за земја од 10 милиони луѓе каде невработеноста со години е рекордно ниска и економијата цветаше. Орбан рече дека ќе биде среќен со економскиот раст околу нулата.