Жителите на Њујорк мора да се вратат на работа, што е една од непосредните цели во рамките на напорите градот што побргу да закрепне од епидемијата на коронавирусот, изјави денеска градоначалникот Бил де Блазио.

Според Си-Ен-Ен, кабинетот на Де Блазио ќе формира специјален експертски тим за таа цел, кој до 1 јуни ќе изработи прелиминарен план за закрепнување на градот, кој е најтешко погоден од епидемијата на коронавирусот.

– Ќе изградиме нешто ново и подобро, додаде Де Блазио истакнувајќи дека резултатите од тие напори ќе бидат праведни и еднакво распределени.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2020 22:13