Директорот за албанската Националната ургентна служба, Скендер Братај, тврди дека во Албанија, бројот на заразени со Ковид-19 е неколкупати повисока од официјалниот број.

Тој повикувајќи се на статистиката, според која, секое заразено лице контактирало со најмалку 20 други лица, Братај рече дека реалниот број е неколку илјади, бидејќи многумина се без симптоми и поминуваат без да сватат дека се заразени.

– Имаме податоци дека има 700 или 800 заразени. Реално, заразени има повеќе. Има многу луѓе кои ми пишуваат дека ја имале оваа симптоматологија и прашуваат дали е коронавирус.Јас им велам може да било, но истакнуваат дека не се јавиле на лекар затоа што се плашеле да не добијат потврден одговор.

Но, откако поминале тие симптоми сакаат да знаат дали имале или не Ковид-19. Постои статистика дека секој заразен може да има од 10 до 20 контакти па според тоа значи има неколку илјади, изјави Братај за телевизијата „Ора њуз“.

Тој уште со оценка дека постепеното олабавување на рестирктивните мерки ќе доведе до зголемување на бројот на новозарзаени, но тоа што е значајно е дека процентот на заразени лица ќе биде под контрола.

– Доколку имаме од 30 до 40 пациенти на интензивна терапија ќе може да се справиме, имаме респиратори, но доколку дојдат 20.000 заразени, 400 или 4.000 болни тогаш состојбата не ќе можеме да ја менаџираме, истакна Братај.

Тој посочи дека воведениот карантин на целата територија на земјата условило пандемијата да не добие широки размери.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 13:19