По вчерашните пожари и инциденти во прифатниот центар за бегалци и мигранти на Самос, министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, утре ќе го посети грчкиот остров, објавија локалните медиуми.

Во прифатниот центар за бегалци и мигранти, утрово повторно имаше пожар и инциденти, а изгореле неколку контејнери за сместување, додека, пак, според државната телевизија ЕРТ, досега, уапсени се 29 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Митаракис, во интервју за грчката телевизија Алфа, истакна дека по синоќешните инциденти во кои изгореа многу шатори, дел од бегалците и мигрантите, времено се наоѓаат на импровизиран фудбалски терен.

Според ЕРТ, на конкретниот простор има околу 2.000 бегалци и мигранти.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 17:16