Заедно со пандемијата од новиот коронавирус меѓу албанските граѓани се врати и стравот од земјотреси. По неколкуте во текот на овој месец, синоќа е регистриран земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Министертвото за одбрана на Албанија соопшти дека епицентарот на земјотрсот бил во Дервен, кај Фуш Круја, на длабочина од 34 километри и се почувствувал и во Тирана, Драч и други градови. Освен вознемиреност не се регистрирани повредени лица или материјална штета.

Земјотресот со мал интензитет е почувствуван и во западните делови на Северна Македонија.

Според сеизмолозите последните потреси се последователни на катастрофалниот земјотрес што ја подоги Албанија на 26 ноември минатата година, со интензитет од 6,4 степени, што предивика огромна материјална штета, имаше над илјада повредени и 51 загинат.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2020 09:59