Словенечкото Собрание на вонредна седница расправа за новиот пакет закони со кои се предвидуваат две милијарди евра помош за економијата погодена од епидемијата на новиот коронавирус.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, решенијата на Владата ги образложи премиерот Јанез Јанша, кој кажа дека ваквиот Закон во овој момент доволен компаниите да продолжат да работата.

– Дали две милијарди евра се доволни да ја задржи ликвидноста на економијата? Ова според мене ќе биде доволно деловните субјекти да не го прекинуваат производството и да не се отпуштаат работници, истакна Јанша.

Со законските решенија се предвидува дополнително кредитирање на претпријатијата, каде државата ќе гарантира 70 до 80 од главницата на кредитот.

Инаку, се работи практично за два нови закони и тоа, еден кој е дополнување на првиот, донесен пред неколку недели и со него директно финансиски им се помага на граѓаните и втор кој е комплетно нов, а предвидува нови две милијарди евра за економијата, со цел да им се помогне на компаниите повторно да почнат со производство.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2020 12:52