Католичката црква во Словенија соопшти дека од 4 мај повторно ги отвора верските објекти, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Верниците кој ќе сакаат да присуствуваат на мисте ќе бидат обврзани пред влегување во црквите да си ги дезинфицираат рацете, а внатре ќе мораат да носат заштитни маски и да бидат безбедно оддалечени од другите верници.

Владата даде согласност од денес повторно почнат со работа и матични служби, а со тоа словенечките граѓани ќе можат да склучат граѓански брак. Сепак и тука важат мерките за претпазливост, па така на оваа церемонија нема да биде дозволено да присуствуваат и сватовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2020 21:58