Македонија направи прогрес во објавување на клучни информации кои може да и помогнат на јавноста да ги разбере буџетските политики, одлучувањето и резултатите според последното истражување на Меѓународното партнерство за буџети-МПБ.

Како што соопшти тимот на Центарот за економски анализи (ЦЕА), Меѓународното партнерство за буџети за првпат во 2019 го спроведе истражувањето на секторската фискална транспарентност како пилот модули на секторите образование и здравство. Наодите покажуваат дека Македонија може да ја подобри буџетската транспарентност на секторот образование.

Во услови на глобална пандемија, додаваат во соопштението, кога владите во светот се принудени на усвојување на мерки за справување со истата, МПБ илустрира дека четири од пет од 117-те влади кои се предмет на истражувањето не успеале да го постигнат минималниот праг за адекватна буџетска транспарентност и надзор согласно меѓународните стандарди.

– Според Марјан Николов, водечки истражувач на МПБ за Македонија вообичаено, плитка е и генеричка објаснувачката рамка за децентрализацијата во буџетите во секторот образование. Само се укажува дека трансферираните надлежности ќе бидат финансирани од блок-дотации во образованието, културата, рана детска заштита и заштита на стари лица. Недостасува соодветен наратив за да се објаснат соодветните буџетски цели во секторот образование кои се сакаат да бидат постигнати со овие блок-дотацции, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 12:29