Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Јужноафриканската Република е над 5.000,соопшти Министерството за здравство.

Во извештајот се пријавени 354 регистрирани заразени во изминатите 24 часа – рекорден раст за таков период. Со тоа, вкупниот број на случаи во ЈАР – најпогодени од коронавирусот во Африка – достигна 5.350.

Вкупниот број на смртни случаи достигна 103.

Властите имаат намера да започнат од утре олеснување на строгите мерки за социјална изолација воведени од 27 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2020 10:03