Шведскиот одговор и не толку рестриктивните мерки во врска со пандемијата од корона вирусот беше пофален од страна на Светската здравствена организација.
Извршниот директор на СЗО, Мајк Рајан, го бранеше пристапот и политиката на Шведската влада која беше под критика од јавноста поради не воведувањето на рестриктивни мерки.
„Многу е далеку од вистината перцепцијата дека Шведска доволно не ги контролира мерките и дека едноставно властите дозволиле болеста да се шири. Шведска воведе многу силна политика за јавно здравје, физичко дистанцирање на луѓето, грижа и заштита за оние во болниците и другите институции“, истакна Рајан.
Според Рајан, пристапот на Шведска може да се изедначи како на пристап за партнерство со граѓаните.
- Ако сакаме да постигнеме враќање во нормала, Шведска на многу начини ќе биде модел за иднината, доколку целта е да се вратиме во живот без карантин, додаде Рајан.
Според податоците, Шведска има нешто повеќе од 20.000 потврдени случаи на коронавирус и над 2.400 смртни случаи.