САД разгледуваат можност за полнење на стратегиските резерви со евтина нафта од уште неколку стотина милиони барели, изјави министерот за финансии Стивен Мнучин.
На состанок во Белата куќа синоќа по повод состојбата со нафтената индустрија на САД и помошта за нафтените компании, Мнучин изјави дека властите разгледуваат дополнување на стратегиските резерви за нафта (СПР) со уште неколку стотина милиони барели нафта.
-Како што веќе укажав, тоа нема да биде спасување на акционерите. Но тоа ќе биде поддршка за националната безбедност, изјави тој.
САД го користат моментот и се обидуваат да ги наполнат стратегиските резерви со евтина нафта до максимум. Американските нафтени компании плаќаат рента на Министерството за енергетика за чување на нивната нафта во стратегиските резерви.
Во СПР на САД во моментов се складирани 636 милиони барели нафта, и се со капацитет да примат најмногу околу 741 милион барели.