Американските разузнавачи соопштија дека коронавирусот се појавил во Кина но дека не бил фабрикуван или генетски модифициран, но тие сеуште ја изучуваат теоријата дека пандемијата можеби настанала како резултат на несреќни околности во кинеска лабораторија.
Канцеларијата на директорот за Национално разузнавање, од каде се координира мрежата од сите американски шпионски агенции, денеска потврди дека вирусот, кој се прошири во пандемија низ целиот свет, не е создаден по вештачки пат или модифициран.
– Целата разузнавачка заедница постојано помага на властите на САД и на тие кои водат битка со вирусот Ковид-19 кој се појави во Кина, се вели во денешното соопштение на директорот на Национално разузнавање.
-Разузнавачката заедница исто така се сложува со широко распространетото стојалиште во научните кругови дека вирусот Ковид-19 не бил создаден од човекот и не е генетски модифициран.
Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп и неговите поддржувачи посочија дека вирусот можеби е излезен од лабораторија за истражувања на заразни заболувања во Вухан, епицентарот од каде се појави вирусот, кој потоа уби над 220.000 луѓе низ целиот свет.
Администрацијата повеќепати досега ја обвини Кина поради ненавремена реакција да се запре епидемијата, додека американски официјални лица и законодавачи повикуваат дека Пекинг треба „да плати цена“ поради тоа.