Над неколку градови во САД како Вашингтон, Балтимор и Атланта, синоќа беа изведени акробатски летови во чест на луѓето кои се на првата линија на фронтот во борбата против Ковид-19.

Пилотските акробатски групи „Тандербирдс“ и „Блу енџелс“ на воено-воздухопловните сили на САД, синоќа изведоа летови во чест на здравствените работници кои се борат против пандемијата. Освен над Вашингтон, ловците на воено-воздухопловните и воено-морските сили на САД, извршија акробатски летови и над Балтимор, најголемиот град на сојузната држава Мериленд, а потоа и над Атланта, престолнина на Џорџија.

Претходно, во петокот, акробатски летови имаше и на небото над Аризона, Луизијана и Оклахома.

На трговски центар вп Вашингтон синоќа се собра народ и се набљудуваше воздушното шоу. Прво се чинеше дека луѓето се делат на групи и држат физичко растојание, но поради сончевото време се насобраа големи групи и илјадници гледачи. По овој повод експертите негодуваа дека не се држи физичка дистанца, судејќи според фотографиите.

Според најновите бројки, во САД регистрирани се речиси 1,2 милиона заболени од Ковид-19, додека од болеста починале 67.595 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2020 22:22