Аеродромот Роаси – Шарл де Гол ќе го преземе целокупниот авиосообраќај на комерцијалните летови во текот на ова лето во францускиот главен град, јави дописникот на МИА.

Од 31 март, аеродромот Орли е речиси прекинат по воведувањето на ограничувањата на границите, со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Според информацијата која ја објави весникот Лес Екхо, аеродромот Париз-Орли ќе треба да остане затворен до есен, поради очекуваниот слаб авионски сообраќај по постепеното излегување од рестриктивните мерки. Пред здравствената криза, на Орли дневно минуваа по 80.000 патници.

Во моментов работи само Шарл де Гол-Роаси со три терминали и тоа ќе биде доволно за да го услужи целокупниот авиосообраќај во текот на летото. Авионските компании, кои полетуваа и слетуваа на Орли, ќе можат да ги изведуваат своите летови од Роаси.

Минатата недела, претседателот на Националната федерација на трговската авијација изјави за „Фигаро“ дека секоја година на Роаси-Шарл де Гол и Орли просечно минуваат 200 милиони патници. Но оваа година таа бројка ќе се намали за околу четири пати, односно ќе изнесува околу 60 милиони патници.

Инаку во целиот свет авиосообраќајот е намален за 80 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2020 22:35