На интернет страницата на Елисејската палата, францускиот претседател Емануел Макрон го потврди своето учество утре на „големата онлајн донаторска конференција“. Тој притоа ги повика другите земји во светот да се приклучат кон оваа „мобилизација“, јави дописникот на МИА.

Одговарајќи на повикот за глобална мобилизација против коронавирусот, упатен од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лејен, Елисејската палата оваа недела објави текст со кој се признава „заедничкиот интерес“ во борбата против Ковид-19 и повика на обединување за пронаоѓање вакцина колку е можно побрзо.

– Го поддржуваме повикот за дејствување на СЗО и на другите актери во глобалното здравство, со кого Франција создаде платформа за глобална соработка, „Пристап до Ковид-19 Алатки – АКТ “, платформа за глобална соработка за забрзување и зајакнување на истражувањето, развојот, пристапот и правична дистрибуција на вакцини и други терапевтски и дијагностички третмани за заштита, се наведува во текстот на Елисејската палата.

– Ги поставуваме темелите на вистински меѓународен сојуз за борба против Ковид-19, пишува во текстот, а Владата на Макрон сака со ова да ја изрази својата определба дека ќе учествува на утрепната конфернција со цел да се соберат 7,5 милијарди евра.

Макрон исто така потенцира дека мора да се посвети внимание на Африка, чиј здравствен систем треба да се зајакне за да се избегнат „последиците кои би можеле да бидат драматични“ за континентот.

Собраните пари ќе бидат дистрибуирани главно преку признати глобални здравствени организации, како што е Коалицијата за иновации во подготвеноста за епидемии (ЦЕПИ), Алијансата ГАВИ (Светска алијанса за вакцини и имунизација) и Светскиот Фонд или ИНУТАИД.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2020 22:35