Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска соопшти дека рокот на вонредната состојба поради коронавирусот во Јапонија ќе биде продолжен до 31 мај.

Според Владата во Токио, се уште е рано да се укинат мерките кои беа воведени за да се спречи ширењето на вирусот.

– Ќе го продолжам до 31 мај периодот на вонредната состојба, објавена на 7 април. Одлуката се однесува на сите префектури во земјата, изјави Абе.

Според последните податоци, во Јапонија има 14.877 заразени со Ковид-19, а починале вкупно 487 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2020 12:29