Францускиот Сенат (горниот дом на Парламентот) го отфрли владиниот план за излез од рестриктивните мерки кои се во сила од 17 март, од помош за најранливата категорија – младите, користењето заштитни маските, делумната невработеност, помошта за фирмите, јави дописникот на МИА.
По дискусијата сенаторите со 89 гласови „против“, 81 „за“ и 174 „воздржани“ го одбија владиниот план. „Против“ се изјаснија и сенаторите републиканци, како и социјалистите и комунистите.
Владиниот план беше одобрен минатиот вторник во Националното собрание со 368 гласови „за“, 100 „против“ и 103 „воздржани“. Овие две гласања, според примената на членот 50-1 од Уставот, имаат симболична вредност и немаат никакво влијание за започнувањето на планот за укинување на ограничувачките мерки, планирано од 11 мај.