Бројот на заразени со новиот коронавирус во Норвешка во изминатите 24 часа се зголеми за 56 со што вкупниот број на заразени сега изнесува 7.903, соопштија локалните здравствени власти.

Во последните две седмици порастот на нови болни е стабилен – по стотина лица на ден или помалку.

Во Норвешка од Ковид-19 досега починале вкупно 214 луѓе, а на болничко лекување се 82 лица.

Владата во Осло месецов почна да ги олеснува ограничувањата воведени поради пандемијата. Отворени се детските градинки, со настава почнаа и учениците од пониските одделенија, а отворени се и фризерските салони и други видови бизниси во кои има лични контакти. Укината е и забраната за патување во викендички вон градовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 10:41