Борбен авион Ф-15 на американското воено воздухопловство принудно слета на пистата на воениот аеродром Ендрјус во сојузната држава Мериленд, јави Фокс њуз.

Слетувањето се случило при мисијата за контрола на воздушниот простор за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во базата Кемп Дејвид.

– Механизмот за слетување се расипал и авионот морал да слета. Никој не е повреден, ниту пилотот, ниту персоналот, се наведува во соопштението на претставникот на базата Ендрјус

Ф-15 од 142-то борбено крило на Военото воздухопловство на САД беше во мисијата „Оперејшн Нобл Игл“, контрола на воздушниот простор до 01:30 часот по полноќ во сабота, кога го смени курсот поради дефект и принудно слета во базата.

Претставникот на воената база Ендрјус рече дека истрагата е во тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 10:48