Во изминатото деноноќие во Украина се регистрирани нови 366 заразени со коронавирусот, што е намалување трет ден по ред соопштија здравствените власти во Киев.
Меѓу новите заразени има 26 деца и 92 медицински работници, прецизира на денешниот брифинг министерот за здравство Максим Степанов.
Во Украина досега има вкупно 12.697 случаи на Ковид-19, меѓу кои 881 деца и 2.479 медицински работници. Оздравеле вкупно 1.875, а починале 316 луѓе.
Министерот соопшти и дека за 24 часа во Украина се извршени 5.307 Пи-Си-Ар тестови за новиот коронавирус.