Посебен данок од 70 проценти на алкохолните пијалаци од денеска се воведува во Њу Делхи со цел да се спречат гужвите пред продавниците по шестнеделниот карантин поради пандемијата со Ковид-19.

Данокот на алкохол е еден од клучните приходи во 36 индиски сојузни држави.

По вчерашното отворање на продавниците за алкохолни пијалаци, првпат од воведувањето на карантинот и укинување на дел од рестриктивните мерки, од кои некои ќе бидат во сила до 17 мај, полицијата мораше да интервенира и да ги растера стотиците граѓани кои сакаа да купат алкохол. Поради тоа локалната власт на Њу Делхи уште синоќа најави воведување на „специјален корона данок“.

Додека во јужната индиска држава Андхра Прадеш зголемена е цената на алкохолните пијалаци.

Во Индија во последните 24 часа евиденетирани се 3.900 новозаболени од Ковид-19, најмногу за еден ден, со што вкупниот број на инфицирани се исакачи на 46.432 луѓе. Додека вкупната цифра на смртни случаи во Индија изнесува 1.568 луѓе.

Според индиските здравствени власти иако во строг карантин се 1,3 милијарди луѓе кривата на епидемијата се уште непокажува надолна линија.

Најзагрозени се западните држави Махараштра и градовите Мумбај, Гјурат и Њу Делхи.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 12:00