Сириската противвоздушна одбрана осуети израелски ракетен напад во провинцијата Алепо, јави сириската новинска агенција САНА.

Мета на израелскиот ракетен напад, според САНА, биле воени магацини лоцирани во близина на градот Ал Сафир, околу 360 километри од Дамаск.

Додека локална сириска телевизија јави дека мета на вчерашниот напад на израелските воени авиони биле позиции на сириската армија и проиранските шиитски формации во источниот дел на Сирија.

Израелските воздушни напади биле извршени врз копнени цели во близина на градот ел Мејадин во провинција Сеир ал Зор.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 13:11