Во Иран, поради пандемијата на коронавирусот, почнаа да работат „драјв-ин кината“, што беа прекинати уште од периодот на Исламската револуција од 1979 година.

Најрадикалните револуционери тогаш ги осудија ваквите кина бидејќи овозможуваат премногу интимност меѓу млади двојки кои не се во брак додека го гледаат филмот од автомобил на паркингот пред познатата кула Милад во Техеран.

Работници со дезинфекциски средства ги прскаат автомобилите на посетителите кои, пак, билетите за кино ги купуваат онлајн. Звукот на филмот го слушаат преку ФМ станица на своите радио апарати во автомобилите.

Во Иран има повеќе од 98.600 заразени од Ковид-19, а повеќе од 6.200 се починати.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 13:32