Еден од најпопуларните и најконтроверзни француски автори, Мишел Уелбек во писмо што го прочита на француското радио Франс Интер, говореше за новиот коронавирус и „светот потоа“.

Уелбек, кој важи дека го предвидел нападот врз Кулите близначки во Њујорк, како и Ддвижењето на жолтите елеци, сега истакна дека не очекува „нов свет“ по пандемијата.

– Вооопшто не верувам во изјавите повеќе ништо нема да биде исто како порано. Напротив, се ќе остане сосема исто. Нема да се разбудиме во нов свет по изолацијата, се ќе биде исто, малку полошо, истакна Уелбек, еден од најинтригантните писатели на денешницата.

Тој додаде дека пандемијата со Ковид-19 посебно ќе влијае врз намалување на контакт помеѓу луѓето.

Уелбек истакна дека би било подеднакво погрешно да се каже дека луѓето повторно ја откриле смртта, додавајќи дека „смртта никогаш не била дискретна како во последните неколку недели“.

Жртвите се сведени на бројки во секојдневна статистика на смртни случаи, а анксиозноста се шири меѓу населението, додека целокупното зголемување има нешто невообичаено апстракно, истакна Уелбек.

Писателот додаде дека овие недели важен податок е и возраста на заболените лица.

До кога би требало да бидат реанимирани и третирани? 70, 75, 80 години? Во секој случај, ние никогаш не сме го нагласиле со ваква бесмисленост фактот дека секој живот нема иста вредност, напиша Уелбек во писмото.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 14:22