Во Шпанија во последните 24 часа од новиот коронавирус починаа 185 лица, соопшти шпанското Министерство за здравје.

Тоа е малку повеќе во однос на 164 починати, колку што биле на 3 и 4 мај, кога имаше најмалку смртни случаи во изминатиот еден и пол месец.

Најголем број смртни случаи се регистрирани на 1 април кога починаа 950 луѓе.

Вкупниот број смртни случаи во земјата достигна 25.613.

Во Шпанија има регистрирано 219.329 случаи на коронавирус, а 123.486 луѓе се излекувани.

Шпанија е една од најлошо погодените земји во светот со Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 15:03