Во израелските воздушни напади врз источниот дел на Сирија загинаа 14 Иранци и Ирачани, а неколкумина се тешко повредени, соопшти Сириската опсеравторија за човекови права.

Организацијата со седиште во Велика Британија објави дека синоќа израелски авиони извршиле напад врз цели во сириската провинција Диер ал Зор при што мета на нападот биле иранските и позициите на проиранските милиции.

Претходно, сириската новинска агенција САНА јави дека сириската противвоздушна одбрана осуети израелски напад, чија цел биле воени магацини лоцирани во близина на градот Ал Сафир, околу 360 километри од Дамаск

Но, САНА не објави за нападот врз провинцијата Деир ал Зор, што граничи со Иран.

Тоа е петти израелски воздушен напад во последните две недели врз цели за кои се претпоставува дека се ирански.

Израле не ги коментираше извештаите за најновиот напад.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 15:33