Маж од Сингапур е спасен откако три месеци поминал на јахта на море, лутајќи од пристаниште до пристаниште, бидејќи државите одбивале да му дозволат да се вкотви, бидејќи пристаништата ширум светот се затворени поради пандемијата со новиот коронавирус.

Мажот е доведен на Фиџи. Тој на 2 февруари тргнал од Сингапур на крстарење што требало да трае три години.

– Пловев од Индонезија кон Папуа Нова Гвинеја бидејќи времето беше добро, но кога пристигнав до границата, таа беше затворена и продолжив кон Соломонските Острови. Тука исто така беше затворено и продолжив до Тувалу, каде не ми дозволија да се вкотвам, но ми дадоа храна, изјави Сингапурецот.

Тој на Фиџи пристигнал на 28 април, но бидејќи неговата јахта била оштетена поради силните ветрови, го спасија маринците од Фиџи, а бродот е доведен до пристаништето.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 16:00