Францускиот министер за култура Франк Ристер соопшти дека од владиниот портал за информации за Ковид-19, на кој имаше избор на статии за вирусот ќе биде отстранет еден негов дел, јави дописникот на МИА.

Соочена со едногласно незадоволство и негодување на медиумите, француската Влада направи отстапка.

Одговарајќи на прашање во Националното собрание, министерот за култура Франк Ристер објави дека услугата „дезинфокс коронавирус“ ќе биде отстранета од владината страница. Таа беше воведена од владата со цел да им дозволи на посетителите на владината страница да пронајдат „избрани“ статии кои се борат против лажните вести за „Ковид-19“, што веднаш предизвика негодување во новинарската професијата.

Развиена од владината служба за информации оваа платформа „очигледно немаше за цел да избира статии или информации. Сепак, можам да ја разберам загриженоста што ја предизвика оваа услуга во редакциите, увери Франк Ристер, осигурувајќи дека извршната власт поради тоа „донесе одлука да ја отстрани оваа страница“.

Лансирана пред две седмици засегнатата страница понуди само избор на написи од „Ле Монд“, „АФП“, „Франс Инфо“, „Либерасион“ и „20 минути“. Односно само медиумите со посебен сервис за проверка на факти од пред најмалку две години. Другата критика покрај исклучувањето на одредени медиуми, овој простор целосно ги игнорираше многубројните истражувања објавени за управувањето со кризата од владата, особено во однос на маските и тестовите.

Одговорот на медиумите беше брз. Здружението на новинарите (СДЈ) и здруженијата на уредници (СДР) и триесетитна уредници ја осудија оваа постапка на владата.

-Разликувајќи го овој или оној напис на својата страница, владата остава впечаток, со мешање на штетни жанрови, дека врши етикетирање на производство на одредени медиуми. Според истата таа логика, другите не се достојни за дозвола за објавување, за што државата сепак нема никаков легитимитет да ја испорачува, во земја каде што слободата на печатот е фундаментална слобода “, може да се прочита во реакцијата на новинарските здруженија.

Во таа насока Националниот синдикат на новинарите (СНЈ) во понеделникот најави дека ќе се обрати до Советот на државата (Највисокиот управен суд) поради „напад врз слободата на печатот“. Судот по повлекувањето на страницата сега нема потреба да се изјаснува.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 22:43