Во Бразил во последните 24 часа регистрирани се рекордни 6.935 нови случаи на коронавирусот, а починале 600 лица.

Досега речиси 115.000 луѓе се заразени со вирусот во земјата и околу 8.000 починале, со што Бразил е најтешко погодената земја со Ковид-19 во Латинска Америка.

Најмногу болни има во државите Сао Паоло и Рио де Жeнеиро, како и Сеара на северозапад, чиј главен град Форталеза е во целосен карантин од петокот.

Потсекретарот во Министерството за здравство, Вандерсон Оливеира, рече дека новите смртни случаи не мора да датираат од претходниот ден, но официјално биле регистрирани тој ден.

Тој, исто така, истакна дека во приватни лаборатории се спроведени повеќе од 100.000 тестови кои Владата официјално не ги признава.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 11:16