Полицијата во американската сојузна држава Јута запрела петгодишно момче кое го возело автомобилот на своите родители. Сакал да стигне до Калифорнија и да си купи Ламборгини.

Возилото било запрено поради попречување на сообраќајот.

Прво што сообраќајните полицајци го прашале момчето било – колку години има и каде научил да вози? Тој, всушност, седел на работ од возачкото седиште, заради попрактично возење – за да може со ногата да стигне до сопирачките.

Детето по име Адријан, в џеб имало три долари, а на полицијата ѝ кажал оти ѝ се налутил на својата мајка, која не сакала да му купи Ламборгини, кое инаку, чини над 200.000 долари.

При овој настан никој не е повреден, а детето е безбедно вратено кај родителите. Локалните власти допрва ќе одлучат дали против родителите на детето ќе биде поднесена пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 11:19