Официјален Пекинг соопшти дека неодамнешните обвиненија од претседателот на САД, Доналд Трамп и од државниот секретар Мајк Помпео дека Ковид-19 е настанат во лабораторија во Вухан е всушност политичка стратегија на републиканците пред претседателските избори.
Портпаролката на кинескиот министер за надворешни работи, Хуа Чунјинг денеска изјави дека Кина ги повикува САД да прекинат со ширење дезинформации и да ја доведуваат во заблуда меѓународната заедница.
Чунјинг истакна дека САД треба да ги решава своите проблеми и да се занимава со пандемијата во сопствената држава.
Чунјинг ги отфрли обвиненијата, како неосновани дека Кина профитира од епидемијата на новиот коронавирус.