Римскиот аеродром „Фиумичино“ е првиот во Европа што воведува „паметни кациги“ за мерење на температурата со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Станува збор за преносни уреди за мерење на температурата, односно термички скенери во облик на кацига што им овозможуваат на вработените на аеродромот да ја мерат телесната температура на патниците на терминалите на безбедно растојание и до седум метри.

Во случај уредот да потврди температура над 37,5 степени следува медицински преглед на патникот.

Тоа е дел од активностите според планот на аеродромот „Фиумичино“ за нормализирање на авиосообраќај што е можно поскоро, со максимална здравствена безбедност на патниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 14:01