Руските транзитни испораки на гас во Европа преку Украина во првите четири месеци од годината се намалени за 47 проценти во споредба со минатата година и се на најниско ниво во речиси последните 30 години, објави украинскиот оператор за транспорт на гас ЛЛЦ.

Како главна причина за намалената испорака на гас се наведува гасоводот Турски поток, кој е еден од алтернативите на украинскиот гасовод. Русија на почетокот од годината преку Турски поток почна да испорачува гас за Турција и Европа.

– Испорачаните количества на украински гас во првите четири години од годината се на најниско ниво откако Украина стекна независост од Советски Сојуз и изнесуваат 15,2 милијарди кубни метри, се наведува во соопштението од ЛЛЦ.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 14:29